| четврток, 6 декември 2018 |

БЕСА му порача на Заев: Редефинирањето на државата е услов за коалицирање (видео)

elezi-640x357Движењето БЕСА преку својот претставник Амир Елези му порача на Зоран Заев дека редефинирањето на Македонија е услов партијата да влезе во коалиција со СДСМ.

-Политичкиот момент е дека ние сѐ уште немаме мандатар. Да почекаме претседателот на државата да му го додели мандатот на претседателот на СДСМ. Тогаш нека дојдат со понуда за БЕСА, барем како што велат дека сакаат да нѐ имаат во Влада, тогаш ние ќе одлучиме што е подобро за Албанците во Македонија. Ние ќе имаме внатрешна дебата со членството, но сигурно дека одлуката ќе биде донесена во највисоките инстанци, а тоа е централното претседателство. Движењето БЕСА постојано, имајќи ја предвид единствената цел која е да се промени и реформира системот тука. Но, што имаме ние како услови? Да, го имаме редифинирањето – вели Елези.

Тој додава дека исто така го имаат и тоа дека тие не го делат криминалот врз етничка основа.

-Ние велиме не на инкриминираните претставници на ДУИ кои се прават како да се реформатори. Ние велиме да, договорот треба да биде транспарентен за публиката и јавноста и дореден со рок, како и тоа што е најважно можеби, најкоренитата промена за Албанците во Македонија, редефинирањето -повторува Елези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top