Јувентус и Реал Мадрид ќе ги одмерат силите во Кардиф на 3.јуни, во финалето на Лигата на шампионите, а пријатни вести пристигнаа за тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри.
Сами Кедира ќе биде подготвен за настап во финалната пресметка. Тој поради повреда го напушти реваншот против Монако во Торино уште на самиот старт од натпреварот, но деталните лекарски прегледи покажаа дека не се работи за премногу сериозна повреда.
– Прекрасни вести, ќе одморам неколку дена и потоа се враќам во ритам. Ќе бидам подготвен за финалето во Кардиф. Не би го пропуштил тоа за ништо на светот. Ако треба, ќе играм и со една нога – истакна Сами Кедира.
Тој заработи полесна повреда на мускулот на ногата, но ќе паузира седум дена, ќе го пропушти дербито со Рома, по што се очекува да се врати во полн тренажен процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.