| четврток, 6 декември 2018 |

Велешани му ја одземаа почесната титула на Трифун Костовски

Трифун Костовски повеќе не е почесен граѓанин на Велес. Советниците од Општината со мнозинство гласови му ја одзедоа титулата која ја понесе во 2002 година. Одлуката е донесена по барање на Здружението на прогонетите од егејскиот дел на Македонија, „Ѕвезда“ од Велес, кои беа лути на Костовски откако тој преку медиумите изјави дека Егејците биле еден од главните проблеми за нарушување на меѓуетничките односи во државата, а поради нив соживотот бил доведен до работ.

Од Здружението „Ѕвезда“ сметаа дека тој нема право да врши понижување и омаловажување на цела група граѓани и да ги дели по некаква географска основа и по место на потекло на дедовците и прадедовците. Според нив, во Општина Велес една третина од жителите, околу 14 илјади лица, се со потекло и корени од Егејска Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top