Судскиот процес за случајот „Диво насеље“ денеска продолжува со презентирање на доказите на обвинителството кои се обезбедени со посебни истражни мерки за следење на комукацијата на обвинетите.
Поради презентирањето на класифицирани информации денешното рочиште во Кривичниот суд е затворено за јавноста.
По презентацијата на материјалите на обвинителството, судењето треба да продолжи со изложување на доказите на одбраната.
Во случајот „Диво насеље“ 37 лица се осомничени за тероризам и за терористичка организација.
На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската населба Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.