Унгарската влада привремено ја суспендира уредбата на ЕУ за систематска контрола на патниците на шенгенските граници поради повеќечасовните задржувања на нејзините граници.
– Со оглед на тоа дека новиот систем на проверка на патниците предизвика повеќечасовни чекања на граничните премини, а дека во текот на летото таквиот начин на работа би предизвикал уште подолги задржувања, унгарската влада смета дека е нужна суспензијата на уредбата – изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Карољ Контрат, пренесе „Танјуг“ повикувајќи се на државната телевизија РТС.
Место систематските, воведени се целни контроли на патниците, што беа применувани пред донесување на уредбата.
Суспензијата на уредбата стапи во сила откако беше објавена во унгарскиот „Службен весник“.
Контрат додаде дека место „малтретирање на граѓаните на ЕУ“, Брисел треба да се занимава со запирање на илегалните миграции и пронаоѓање на терористите.
– Илегалната миграција ги загрозува најважните постулати на ЕУ, слободата на движење и шенгенскиот систем – рече државниот секретар.
Уредбата на ЕУ за систематски контроли на патниците, која на шенгенските граници се применува од почетокот на април годинава, предвидува на сите граѓани на Унијата детално да им се контролираат документите при секој влез и излез од ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот