| четврток, 6 декември 2018 |

Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот

Унгарскиот парламент и забрани пристап на новинарката позната по шутирањето мигранти на границата со Србија откако за време на интервју навреди пратеник. Шефот на службата за медиуми на парламентот Золтан Силаѓи, изјавил дека забраната за пристап на Петра Ласло ќе биде во сила до крајот на есенското заседание, кое завршува кон средината на декември.

Таа работи за провладина интернет страница, а на снимка од понеделникот се расправа со пратеник од екстремно десничарската партија Јобик.

Ласло во јануари беше осудена на условна казна од три години заради недолично однесување, откако во 2015 година беше снимена како шутира и се обидува да ги препне мигрантите на границата со Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top