Елена Велевска е на австралиска турнеја низ повеќе градови и успеа со најновата песна “Една е мајка” да ги расплаче нашинците кои се далеку од дома.
– Македонците се жедни а својот корен и единствено на нашите концерти може да се покаже патриотизмот оддалеку. Заедно со мене е и Гоце Синтезис, кој успева да им ги пренесе во оригинална верзија со кавал и зурла, антологиските Зајди зајди, Јано мори , Ој девојчеи др. Многу ми е мило што овојпат доаѓаме со нови менаџери кои се пред се резбрани луѓе и многу сложно одиме кон успехот. Покрај концертите, пеевме и на многу приватни веселби, роденден, свадби, два пати гостувавме во дискотеки, бидејќи јас имам многу млада публика која што сака да не види во едно помодерно издание. Се враќам на 23-ти а на 24-ти продолжувам со договорените ангажмани низ Балканот, истакнува Елена Велевска која сеуште е на турнеја низ Австралија.
Притоа, коако што додава, најубаво е кога ќе и кажат Елена ти имаш толку емоција во пеењето, што одма навираат солзи.
-Така ги правиш песните како тажни , што не можеме додека те слушаме да не заплачеме. Јас викам тоа е пеење со душа, ако тоа го имаш, успехот е неминовен, додава Елена.
извор:естрада плус
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Елена Велевска изреволтирана реагира на „Инстаграм“: Доста е со глупости!
-
Кој е Марјан Мирчески, сопругот на Елена Велевска?
-
Исказите на Елена се лага, но се уште живееме под ист кров: Сопругот на Елена Велевска ја откри својата страна на приказната
-
Поради неа се вратил од Австралија: Кој е сопругот на Елена Велеска кого таа го обвини за семејно насилство?