Граѓаните на Струмица вечерва во голем број излегоа низ улиците на градот за да ја изразат својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, струмичани низ улиците ја изкажаа својата загриженост за иднината на државата и застанаа во одбрана на унитарноста на Република Македонија.
Струмичани јасно и гласно вечерва кажаа дека НЕ сакаат двојазичност во нивниот град, како и на целата територија на Македонија, промена на химната, знамето и државниот грб.
Освен во Струмица, вечерва протести „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ се одржуваат во над 40 градoви и села во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.