Сакам да ги прашам сите експерти зошто сте уплашени од одлуката на Уставниот суд ако се било легално? Зошто бегате како ѓавол од лук тоа Уставниот суд да ја толкува одлуката според уставноста на онаа лакрдија која ја направивте на 27 април, вели Богдан Илиевски членот на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.
-Најдобрата формулација беше, Уставен не бил надлежен да цени дали Уставот бил прекршен, а експертиве и соросоидиве се надлежни да кажат дали Уставот е прекршен или не. Знаат дека се огрешиле нека бегаат од правдата но ќе ги стигне. „Експертот“ за Уставот Артан Груби денеска изјави дека не може да се оспорува волјата на мнозинството граѓани на Македонија и на пратениците. Види, почитуван експерт за Уставот, кога се работи за волјата на мнозинството граѓани во Република Македонија, Македонија има два милиони жители а право на глас имаат близу еден милион и осумсто, дури седумсто илјади да гласале за вас милион и сто не гласале за вас и тие се мнозинство. Од тие ваши 700 илјади да се договориме дека ниту еден не гласал за Тиранската платформа, да не се правиме наивни да не се правиме будали, изјави Илиевски.
Тој потенцираше дека ќе ја победат црната мисла за нашата земја и навистина ќе се борат за соживот и тој е можен само ако се вклучат сите и ако сите размислуваат едни за други и затоа се викаат ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Тој вели и дека нема да се откажат од нивната борба и од правдата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.