| четврток, 6 декември 2018 |

Богдан Илиевски сам се пријавил во судот

Богдан Илиевски, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“ сам се пријавил во судот, дознава „Република“.

Претходно, исто тоа го стори и Борис Дамовски, кој самоиницијативно се пријави во полиција.

Инаку, триесет и шест лица се гонат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, соопшти Јавното обвинителство.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по преземање на сите дејствија за утврдување на фактите во врска со настаните кои се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија ја заврши предистражната постапка“, информираат од Обвинителството.

фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top