| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите од Истанбул се здружија – дајте ни 100 гас-маски и паркот е наш (видео)

Политиката прави чуда, особено погрешната, а во овој случај станува збор за Турција. Во Истанбул има улични демонстрации, на кои се приклучија и навивачите на трите турски гиганти Фенербахче, Галасарај и Бешикташ. Тие и, буквално, се мразат меѓу себе, владее огромно ривалитет на фудбалските и на кошаркарските натптревари, но овој пат решија да бидат заедно, против одлуката на Владата да гради објекти во популарниот Гези парк во Истанбул. Демонстрациите се жестоки, а навивачите со објава преку весникот Хуриет, ги смирија страстите и се обединија.

„Дајте ни 100 гас-маски и паркот ќе биде наш“, е пораката на симпатизерите на Бешикташ, Фенербахче и на Галатасарај.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top