Mомчето кое јавноста го запозна по совршената акустична изведба на „За нас“ од Брејк, талентираниот Марко Логаут, под отворено небо во летниот клуб „Хавана“, пред колегите и претставници од медиумите, ја промовираше својата прва песна „Без тебе не можам“. Авторот на музиката и аранжманот е Нино Васков, додека, пак, текстот на оваа балада го напиша Кирил Трајковски – Максим.
– Поддршката што ја имам од пријателите, колегите и од семејството, а пред сè од публиката која ме следи на моите настапи, ми беше поттик да отпеам нешто свое, од своја душа. „Без тебе не можам“ е една емотивна балада, која се надевам дека ќе допре до многу изгубени срца. Песната е многу певлива и едвај чекам да ја споделам со вас и сите да уживаме во неа – изјави Марко на промоцијата.
Заедно со песната беше промовиран и видеозаписот за неа, кој го работеше режисерот на филмот „Максим“ – Кирил Трајковски. Главни протагонисти во приказната, која раскажува за две загубени души кои веќе не се заедно и се бараат низ времето и просторот, се самиот Марко и Елена Анѓеловска, која специјално за спотот облече несекојдневна креација на Елена Лука од колекцијата „Далга“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)