По светската премиера во Торонто на документарниот филм „Со љубов“ (Avec L’амоур) на Илија Цветковски, филмот се прикажа и на Филмскиот фестивал во Минхен, а во најава се уште многу значајни фестивали за документарен филм во светот.
Документарецот за Дионис Пашлаков од Неготино и неговата страст за олдтајмери се прикажа на Фестивалот во Торонто трипати.
Дионис, професорот по биологија во средно училиште во Неготино, не може да се ослободи од страста кон стари автомобили, која прераснува во колекција од над 100 сочувани или полураспаднати примероци, кои треба да се сместат во идниот музеј, за кој Дионис сонува дека еден ден можеби и ќе го изгради. Правејќи торти за неготинските прослави, неговта жена Гоца ја поддржува страста на Дионис, плаќајќи му речиси за секоја негова нова стара кола.
Низ спонтаните и симпатични брачни расправии, поддржани од одличниот саундтрак на Фолтин, се гради филмската љубовна приказна која се вози на запалените мотори од старите автомобили, разоткривајќи ги новите агли на познатите стереотипи.
На филмот се работеше неколку години, а Екипата ја сочинуваат: Илија Цветковски (режисер), Атанас Георгиев (продуцент и монтажа), Драган Паковски и Самир Љума (кинематографери), Фолтин (музика), Атанас Георгиев и Александар Ѓорѓевиќ (звук).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)