Утрово околу 08,30 часот било пријавено дека во кругот на поранешен “Земјоделско индустриско комбинат-Скопско поле“, лоциран на локалниот пат за с.Арачиново, настанала расправија помеѓу Р.С.(51), Д.С.(23) Ј.С.(24) од една страна и Н.С.(46) и Н.С.(52) од друга страна.
Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С., Н.С., и Н.С.
По пристигнувањето на полициски службеници на местото на настанот, го затекнале Н.С.(52) во бесознание, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт.
Од страна на полициски службеници од СВР-Скопје излезено е на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.
Останатите учесници се приведени во ПС Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.