| четврток, 6 декември 2018 |

Телото на обдукција, полицијата не потврдува дека е убиство

Телото на мртвата 53-годишна М.С.Ј. е предадено во Судска медицина, каде што ќе биде извршена обдукција. Дури тогаш ќе се знаат причините за смртта, велат од СВР Скопје за „Република“.

Од полицијата засега не потврдуваат дека станува збор за убиство. Пријавата дека на улицата „Елисие Поповски“, која е во близина на Киничкиот центар, е пронајдена мртва жена, кај нив пристигнала вчеравечер околу 21 часот.

Сопругот на лекарката го извршил убиството?

На телото на починатата жена, поточно на рацете и на вратот, биле прнајдени повреди од нож. Екипа од Итната медицинска помош констатирала смрт.

На местото на настанот увид извршиле полициски службеници и јавен обвинител, по чијашто наредба телото е предадено на обдукција. Се очекуваат резултатите од Судска медицина и нови информации од Јавното обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top