| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кардиф ќе се игра осмото италијанско-шпанско финале

juventus

Без разлика против која екипа од Мадрид ќе игра во финалето на 3 јуни тимот на Јувентус, Европа ќе го види осмото италијанско – шпанско финале во историјата на Лигата на шампионите. Ако играат Јувентус и Реал Мадрид тоа ќе биде реприза од Амстердам 1998 година, кога единствен пат овие две екипи се сретнаа во финале и „кралевите“ славеа со 1-0. Ако Јуве игра за круната со Атлетико Мадрид, тоа ќе биде нивно прво соочување во финале. Скорот е позитивен за Шпанците кои водат со 5-2 во победи.

Италијанско-шпански финални натпревари во ЛШ:

1956/57 – Реал Мадрид – Фиорентина 2-0
1957/58 – Реал Мадрид – Милан 3-2
1963/64 – Интер – Реал Мадрид 3-1
1991/92 – Барселона – Сампдорија 1-0
1993/94 – Милан – Барселона 4-0
1997/98 – Реал Мадрид – Јувентус 1-0
2014/15 – Барселона – Јувентус 3-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top