Малолетници вчера пукале со гасен пиштол во дворот од основното училиште „Рајко Жинзифов“ во скопската населба Чаир.
Настанот се случил околу 10.30 часот кога лицата пукале, најверојатно од гасен пиштол, во училишниот двор.
Случајот веднаш бил пријавен, а полицијата ги затекнала лицата на самото место. Се работи за четворица малолетници, А.Е. (17), М.Б. (16), А.Т. (17) и А.П. (15), сите од Скопје.
Малолетниците веднаш биле приведени, а полицијата пронашла и три чаури кои се предадени на натамошно вештачење. Пиштолот сѐ уште не е пронајден.
Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот и утврдување на причините за пукањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.