Пласманот во финалето на Лигата на шампионите не е само можност за европска круна, туку вторпат во три години, Јуве на Алегри ќе се бори за тројна круна. Откако не успеа во Берлин во 2015 година да ја освои Лигата на шампионите, сега ќе има нова шанса.
– Вистинито е, во финалето сме, но беше проклето тешко. Дури и денес ако не бевме сериозни од самиот почеток ќе миневме полошо. И вака Монако ни создаде големи проблеми, но навикнати сме на вакви натпревари и се спремивме за противникот. Сега сме во финалето, но неважно е кој е во финалето, важно е кој ќе го освои трофејот. Ако не беа моите соиграчи немаше да бидам тука и да се борам за уште еден трофеј. Сите мислеа дека во Берлин беше моето последно финале, но во сништата мора да се верува до самиот крај – смета капитенот на Јуве, Џиџи Буфон.
За „старата дама“ ова финале е шесто во Лигата на шампионите, вкупно деветто во Купот или Лигата на шампионите, а интересно е што сите се обезбедени само со двајца тренери на клупата, Марчело Липи и Макс Алегри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.