| четврток, 6 декември 2018 |

Пеколниот план на американскиот дипломат Вокер за обединување на сите Албанци

Американскиот дипломат Вилијам Вокер обелодени дека има план на кој подолго работел и кој треба да ги обедини сите Албанци, во Косово, Албанија и во дијаспората. Според него, со ова дефинитивно треба да се стави крај на албанското прашање во регионот.

– Целта на овој проект на кој работам е за сите Албанци, во Косово, дијаспората, во Албанија. Работам на заеднички проект на нивно обединување. Албанците во светот беа обединети исклучиво поради ослободувањето на Косово. Бев со нив кога прогласуваа независност. Сега е време после независноста за последниот чекор, сите да бидеме заедно и ова достигнување да се оствари – рече Вокер во Косово.

voker

Тој е еден од најконтроверзните дипломати и голем поддржувач на Албанците. Одигра решавачка улога за бомбардирањето на Србија во 1999 година од страна на НАТО. Вокер треба да добие и споменик во косовското село Рачак, како знак на благодарност на албанскиот народ за она што го сторил. Вокер одигра клучна улога во врска со разјаснувањето на случајот и наоѓањето на 45. тела на убиените Албанци во непосредна близина на Рачак.

Вокер тогаш како шеф на верификационата мисија на ОБСЕ, по спроведената истрага, соопшти дека се работи за масакр врз недолжните цивили за што веднаш беа обвинети српските безбедносни сили. Набргу потоа се случи и воената интервенција на НАТО-силите против Србија, по што таа беше принудена да се повлече од Косово и со што се отвори пат кон создавање независна косовска држава.

masakr

На Србија не ѝ помогнаа тврдењата и сознанијата од истрагата дека не се работи за убиените цивили, туку за загинати припадници на ОНА, кои се убиени во борби, а потоа преоблечени во цивилна облека за да се исценира наводен масакр.

Вучиќ: Амбасадор на ОБСЕ прави Голема Албанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top