| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на годинава 1000 вработувања во Ванхол

Најдоцна од септември ќе започне со работа и вториот производствен капацитет на белгиската компанија Ванхоол, во технолошко индустриската развојна зона во Бунарџик. До крајот на годината од 870 бројот на вработени ќе се зголеми на 1000, а за две години на 1400. Минатата година биле произведени 570 автобуси, а со новиот капацитет ќе се произведуваат годишно до 1000 автобуси. 80% од производството е наменето за американскиот , а 20 % за европскиот пазар. Ова го истакна првиот човек на компанијата Ванхоол, пред денешните билатерални средби меѓу домашните локални добавувачи и странските компании од автомобилскиот сектор лоцирани во и надвор од индустриските зони, објави ТВ Нова.

Целта на овие средби е да се зголеми соработката меѓу странските компании и локалните добавувачи, затоа што има простор за зголемување, истакнаа од асоцијацијата на автомобилската индустрија, при советот на странски инвеститори во земјава.

Околу 500 домашни компании соработуваат со инвеститорите во технолошко-индустриските развојни зони, а вкупната вредност на набавките од домашните компании направена од страна на компаниите од ТИРЗ изнесува околу 50 милиони евра годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top