Одлуката за избор на Телат Џафери за нов претседател на собранието излезе во “Службен Весник” и веќе е отпечатена. Џафери уште на трети мај го извести Иванов дека е формирано новото парламентарно мнозинство. Тој пак во рок од 10 дена треба да одлучи за доделување на мандатот за состав на нова влада.
Нејаснотии се појавија за тоа од кога практично тече рокот од 10те дена, имајќи предвид дека во одлуката е наведено дека стапува на сила од датумот на нејзиното донесување, во случајов втори мај, а нејасно е дали од тој датум започнува да тече рокот за доделување на мандатот или пак почнува да се брои од излегувањето на одлуката во “Службен Весник”.
Како и да е засега нема најава за некоја активност во собранието. Ќе се чекало Иванов да се изјасни околу мандат, по што ќе била закажана седница. Од кабинетот пак на претседателот веќе кажаа дека чекаат дополнителни информации околу зачувувањето на унитарноста на земјава, секако во однос на контроверзната “Тиранска Платформа”.
Во меѓувреме од СДСМ очекуваат дека Иванов сепак ќе им го додели мандатот и набрзо ќе формираат нова влада, а од ВМРО ДПМНМЕ повторија дека целата процедура тече незаконски, почнувајќи од како што велат нелегалниот избор на Талат Џафери за Претседател на собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.