| четврток, 6 декември 2018 |

Почна јадењето живи луѓе: Пендаровски остри заби и на судии, и на професори, и на доктори… (ВИДЕО)

Не толку оддамна Зоран Заев се закани дека ако дојде неговата партија на власт ќе јадат живи луѓе. Деновиве истиот најави целосен реизбор во судството, а неговиот партиски колега и носител во првата изборна единица на минатите парламентарни избори, Стево Пендаровски во ТВ гостување, најави дека прочистување ќе прават и во образованието, здравството и дипломатијата.

-Јас ви тврдам дека слично темелно прочистување, зборам од кадровски аспект нам ни следи и во образованието и во здравството, нам ни следи во дипломатијата, изјави Пендаровски.

На прашањето дали наеднаш ќе бидат отпуштени 500 луѓе, тој вели дека тоа не е точно, иако потврди дека такво нешто кажал еден од опозициските лидери.

-Нема да се распушта, ќе постои органот, значи ќе се реизбираат, ќе се донесе закон за тоа, се разбира ќе има процедура, не може вие да отпуштите, како ќе отпуштите 700 судии и нема да има судии, колку тоа ќе трае. Тоа ќе оди во фази и тоа ќе биде прилично обмислен проект, за кој постои веќе пишан материјал -изјави Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top