Поддржувачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска по 72-ри пат по ред во голем број излегоа на улиците низ главниот град за да ја дадат својата поддршка за единствена и унитарна Македонија.
-Седумдесет и втори ден повторно на истото место пред Владата, меѓутоа денеска завршуваме пред канцеларијата на ЕУ бидејќи денеска е 9-ти мај денот на победата над фашизмот, а од пред некое време усвоен и како ден на Европа, епа чим го бараа за ден на Европа, ќе одиме пред преставниците на Македонија за да ги потсетиме на вредностите кои не ги застапуваат и не се борат за нив и затоа сме тука ние да ги потсетиме дека се уште има македонци кои се борат за своите правдини- изјави Богдан Илиевски член на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Преставници на иницијативата „За заедничка Македонија“ поставија и свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во народно ослободителната војна во чест на победата над фашизмот.
Граѓаните овој пат од пред Владата ќе се упатат кон канцеларијата на ЕУ, а освен во Скопје масовни протести за поддршка „За заедничка Македонија“ се одржуваат и во над 40 градови и населени места низ земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Илиевски: Наша должност е на идните генерации да им оставиме земја во која ќе живеат заеднички, мирно и достоинствено
-
„За заедничка Македонија“ : Сигурно е дека битката за правда и вистина продолжува, нашиот отпор е наша должност
-
Штипјани порачаа: Предвремени избори се единствен излез од кризата (Фото)
-
Охриѓани повторно со поддршка за иницијативата „За заедничка Македонија“