| четврток, 6 декември 2018 |

Ги воодушеви и полицајците: Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Јувентус трчаше по крадец и го фати

Се гледа дека господинот е во кондиција, им дофрлил германскиот полицаец на новинарите додека го приведувал крадецот благодарејќи на Роберт Ковач, кој порано трчаше по најбрзите напаѓачи на светот, а денеска фаќа крадци.

Цивилната храброст е важна, но не знам дали секогаш вака би реагирал, зависи од ситуацијата. Мило ми е дека вака заврши се, кажа 43 годишниот Роберт Ковач, кој во понеделникот вечерта се затрча по 15 години помладиот крадец, го бутна на земја и го предаде на полицијата.

Роберт излегол на вечера во Франкфурт. Пред ресторанот имало банкомат од кој 72 годишен пензионер извадил 40 евра. Крадецот го прател во мракот и скокнал на него. Откако го бутнал почнал да бега со парите, Ковач ниту секунда не размислувал.

Старт позади грб за чиста десетка

Излетал од ресторанот и се затрчал по крадецот кој немал шанси. После неколку метри, поранешниот фудбалер кој со години трчаше по најбрзите напаѓачи во светот на фудбалот, стигнал до момчето и го сопнал. Другиот дел од работата, значително полесен, го завршила полицијата.

Ковач ниту со 43 години позади себе немал проблем да го фати младиот разбојник, а ова бил еден ретките стартови позади грб поради кој не морал да се плаши од санкција. Бил старт за чиста десетка.

Покрај големите фудбалски успеси, сега има и еден фатен крадец. Поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Јувентус и Баерн Минхен, денеска е помошник на својот брат Нико Ковач, на клупата на Ајнтрахт Франкфурт.

Оваа година се на сигурното 11 место и остануваат во првата лига.

Приказната брзо се проширила низ германските медиуми, кои го слават херојскиот чин на хрватскиот фудбалер.

Ајнтрахт на службениот Твитер профил напиша: Браво Роберт!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top