| четврток, 6 декември 2018 |

Османи: Ние не ја признаваме како наша химната на Македонија (видео)

Bujar Osmani

-Ние стануваме пред албанската химна во секоја ситуација. Ние не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница тука во Македонија како втора по големина – изјави портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во емисија во регионалната тетовска телевизија Коха.

Не е првпат претсавници на албанската заедница во земјава јавно да посочат дека не ја признаваат државната химна на земјата во која живеат и работат. Слична изјава пред извесно време во медиумите се појави и на Зијадин Села кој истакна дека никогаш не станува на македонската химна затоа што Албанците не гласале за неа.

Никогаш не сум станал на нозе за македонската химна. Затоа што, Македонија ја прогласи својата независност врз база на анексирање на правата на една третина од жителите. Како да почитувам една национална химна која Албанците не ја гласале, првиот албански парламентарен состав од 1992 година не го гласаше овој Устав, не го гласаше ниту знамето, ниту химната, одговори тогаш Села.

Sela

Османи досега неколку пати во телевизиски гостувања истакнуваше дека Албанците не ја прифаќаат химната на Република Македонија и бараат нејзина промена. Тој посочуваше дека лидерот на СДС Зоран Заев во целост ја прифатил албанската платформа од Тирана и прифатил разговор за промена на знамето, химната и грбот.

Османи рече дека СДС и Зоран Заев се согласиле за сите прашања од платформата за кои не треба промена на Уставот и двотретинско мнозинство. За прашањата кои бараат двотретинско мнозинство како промена на химната, знамето и грбот се бара започнување на дијалог со цел да се изнајде конечно решение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top