| четврток, 6 декември 2018 |

На атинскиот меѓународен аеродром запленети 3,5 килограми кокаин

atina

На атинскиот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“ денеска е уапсена 49-годишна жена, која е обвинета за трговија со дрога.

Полициска единица за борба против наркотици соопшти дека кај уапсената се пронајдени 3,5 килограми кокаин, кои биле спакувани во три кеси, скриени во нејзиниот багаж.

Полицијата соопшти дека жената, која пристигнала од Сао Паоло преку Цирих, е член на меѓународен синџир за шверц на кокаин од земјите од Латинска Америка во Европа.

Осомничената е изведена пред обвинител во Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top