Канадската тенисерка Ежени Бушар ја совлада Марија Шарапова во второто коло на турнирот на ВТА во Мадрид со 2-1 во сетови. Дуелот на двете тениски убавици донесе и многу возбуда, а најавата се случи многу порано кога Бушар јавно ја нарече Шарапова лажливка затоа што веднаш по завршувањето на суспензијата поради користење недозволени средства почна да добива вајлд-карти за настап на врвните турнири.
Канаѓанката го доби првиот сет со 7-5 во гемови, но Шарапова возврати во вториот освојувајќи го со 6-2. Се играше израмнет трет сет, во кој сепак Бушар имаше повеќе нерви и концентрација, па го доби со 6-4 во гемови комплетирајќи го триумфот на овој меч.
Бушар во осминафиналето од турнирот во Мадрид ќе ги одмери силите со првата носителка Анжелик Кербер, која ја совлада Катерина Синиакова со 2-1 во сетови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.