Челси лесно и убедливо го совлада Мидлсборо на „Стемфорд бриџ“ со 3-0 и направи круцијален чекор кон освојување на шампионската титула во Премиер лигата. На три кола до крајот, избраниците на Антонио Конте имаат огромни седум бода предност и можат да го ладат шампањот за прославата. Ова воедно беше тажен ден за фановите на Мидлсборо, со оглед дека овој тим официјално испадна од елитното друштво.
Диего Коста беше стрелец на водечкиот гол за Челси во 23.минута, а до крајот на првото полувреме погоди и Маркос Алонсо за сигурни 2-0. Во вториот дел, и Немања Матиќ се запиша меѓу стрелците за нов убедлив триумф на Челси во англискиот шампионат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)