| четврток, 6 декември 2018 |

Штити од рак на кожа, но кремата за сончање сепак му штети на вашето здравје!

крема

Кремите за сончање се од суштинско значење за заштита на кожата од рак. Една нова студија, сепак укажува на тоа дека може да предизвика и недостаток на витамин Д.

Витаминот Д е важен за здравјето на коските бидејќи помага при апсорпција на калциум. Помага и за нормално функционирање на нервите и мускулите, како и во зајакнување на имунолошкиот систем.

Недостаток на витамин Д може да доведе до намалување на коскената густина, а тоа постепео го зголемува ризикот од фрактури и остеопороза.

И додека некои намирници природно содржат витамин Д, како рибата или говедски црн дроб, главно станува збор за многу мали количини. Најдобриот извор на витамин Д е изложеност на сончеви зраци. Тие продираат низ кожата и во форма на холестерол (7-дехидрохолестерол) се конвертираат во активна форма на витамин Д-3.

Научниците од Универзитетот во Калифорнија ги проучувале постоечките клинички студии за недостаток на витамин Д и заклучиле дека сончањето со крема со заштитен фактор од 15 или повеќе може да го намали производството на витамин Д дури за 99%.

Поради тоа тие препорачуваат два пати неделно по најмалку половина час да се поминува на сонце без нанесување на заштитен фактор. Таа количина на изложеност на сончевите зраци нема да го зголеми ризикот од рак на кожата, а организмот ќе се задржи оптимална количина на витамин Д.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top