Самото споменување на вазелинот предизвикува саркастично смеење. Овој неправедно етикетиран и запоставен парафински гел всушност е многу корисен и би требало да биде составен дел од секој козметички несесер.
Вазелниот е благотворен за косата, ноктите, трепките, исушените усни. Но се користи и за правење крема за лице која просто ги брише годините од него.
Ваквата домашна крема е идеално средство за нега на кожата, ја хидрира, го изедначува тенот, ги намалува брчките и го успорува процесот на стааеење. Применлива е за сите видиви кожа, а резултатите се видливи за 7 дена.
За кремата ви требаат: една супена лажица бадемово или маслиново масло, 1 жолчка, 1 лажички мед, 2 лажички аптекарски вазелин
Подготвка:Вазелинот се топи на пареа, се симнува од шпорет и во него се додаава жолчката, медот и маслото. Се меша додека не се добие хомогена смеса. Се сипува во стара кутија од 50 милилитри.
Кремата се мачка со лесна масажа. После 30 мин се отстрануваат остатоците од кремата со памукче натопено во минерална вода.
Пожелно е кремата да се нансеува 2 часа пред спиење. Кремата се чува во фрижидер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.