| четврток, 6 декември 2018 |

Тотално ја изгуби косата и сега носи перики – познатата манекенка проговори за себе си

наоми

Популарната манекенка откри шокантна вистина која ќе натера голем број девојки добро да размислат пред да се одлучат за ваков вид разубавување…

Имено, Наоми Кембел подолго време се бори со опаѓање на косата, поради што носи перики, а сега одлучи да ја открие вистинската причина што довела до овој проблем.

-Сега многу повеќе се грижам за косата, бидејќи ја загубив – поради екстензиите- откри манекенката, апелирајќи до сите девојки добро да размислат пред да одлучат да се разубавуваат на овој начин.

Наоми додаде и дека досега не направила хируршки зафат, но дека не е нивни противник. Позната е по животот исполнет со дрога и алкохол, па затоа сега има големи планови за иднината.

„Сакам да ги оставам цигарите. Носев никотински фластери, но не ми помогнаа“, изјави на времето и додаде дека ќе почне да оди на хипноза кај психотерапевт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top