Богатството на Наоми Кемпбел (45) се проценува на околу 45 милиони долари, што значи дека парите одамна веројатно не и се цел.
Сепак, токму поради парите на некои од брендовите им рекла “не“.
Наоми е навистина супермодел. За неа веројатно има слушнато целата планета, работела за познати брендови, заработила милиони. Неколку пати прошетала и на модната писта на ревиите на брендот „Викторија сикрет“, но никогаш и официјално не стана еден од “ангелите“.
Доколку се прашувате зошто, Наоми изјави: Не можеа да ме платат доволно.
Таа неколку пати прошетала по пистите на ревиите на Викторија сикрет од основањето на брендот од 1995 година, изјави дека одбила да стане “ангел“ бидејќи “цената не била добра“.
Со оглед на тоа каква кариера има, Наоми очигледно ја знае својата вредност, а доволно е да се спомне дека нејзината биографија која неодамна излезе во продажба, се продава по цена од 1.600 евра!
На промоцијата на книгата, манекенката за „Вог“ изјави: Книгата е многу искрена. Мојот живот е отворена книга на многу начини. Искрена сум околу тоа која сум јас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Последните секунди од животот на Инстаграм ѕвездата: Се возела, а потоа и пришол маж и испукал три куршуми во неа(видео)
-
Познатиот македонски модел почина при пад од карпа
-
Целосна пресвртница – имал 127 килограми и работел по 12 часа дневно, а сега е модел кај Бекам!
-
Марија е војник, но и модел: Не се знае кога е по опасна, во униформи или во бикини