Тренерот на Фенербахче Дик Адвокат, постигнал устен договор со фудбалската репрезентација на Холандија да го преземе испразнетото селекторско место.
Како пренесува „Би Би Си“ менаџерот Јоб Јансен изјавил дека во текот на оваа недела ќе биде потпишан договорот меѓу „лалињата“ и Адвокат. Тој претходно на два наврати беше селектор на својата репрезентација во периодот од 1992 до 1994 и десет години подоцна.
Фудбалскиот сојуз на Холандија во март го отпушти Дани Блинд по очајните резултати и четвртото место во квалификациите за Светското првенство во Русија кое се игра следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.