Вчера попладне во с. Усје – скопско, кај местото „Ограда“, на земјен пат се случила незгода, во која 38-годишниот Д.А. од Скопје, управувајќи трактор ИМП 560, изгубил контрола над тракторот и со истиот излегол од патот и паднал во провалија. Од незгодата, Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.
Истиот бил пренесен во болница и задржан на лекување во Одделенито за КАРИЛ.
Полицијата презема мерки за расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.