Скопјанец бил пронајден мртов, вчера во стан во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР. Причините за смртта не се познати.
Според полицијата, случајот го пријавил И.П.Н. вчера во 10.45 часот. Тој на полицајците им рекол дека околу 10.30 часот во стан на улицата Пушкинова го пронашол телото на В.Т.(31) од скопското село Пакошево.
Починатиот претходниот ден бил пријавен за исчезнат.
Од лекар од итната медицинска помош била констатирана смрт.
На местото на настанот излегле полициски служеници, Јавен обвинител и судски обдуцент и бил извршен увид, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.