| четврток, 6 декември 2018 |

Одличната сезона на Канте добива потврда, по играчите и новинарите го избраа за најдобар фудбалер

matic i kante

Фудбалската асоцијација на новинари на Островот го изгласа Н’голо Канте за најдобар фудбалер во англиската Премиер лига за сезоната 2016/17. Ова е втора индивидуална награда за францускиот репрезентативец, откако пред неколку дена ја освои и наградата за најдобар фудбалер во Англија изгласан од професинални фудбалери.

Канте е на работ од освојување на својата втора титула во Премиер лигата, откако минатата година стана шампион со Лестер сити. 26-годишниот играч за врска сега ќе го освои трофејот и со Челси, се разбира доколку „сините“ обезбедат победи над Мидлсборо вечерва и над Ватфорд четири дена подоцна.

Репрезентативецот на Франција е само 18. фудбалер кој ги освоил двете индивидуални награди во една година. Пред Канте, меѓу другите ова им успеа и на легендата на Арсенал, Тјери Анри и некогаш најдобриот играч на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо. Канте и за оваа награда доби повеќе глаасови од неговиот соиграч Еден Азар, кој се најде на второто место според бројот на гласови, додека Деле Али од Тотенхем е третопласиран во овој избор.

Н’голо Канте е четвртиот Французин, а воедно и четвртиот играч на Челси што ја освојува оваа награда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top