ВМРО-ДПМНЕ направи максимум. Сѐ друго ќе водеше кон два парламента и две влади. Едните признаени од САД, ЕУ и Западот, другите, и без да бараат и посакуваат, ќе ги признаеше Русија. И?
Ќе станевме држава на поделени Македонци, со едната помала група на Македонци ќе застанеа и Албанците. Ќе дојдевме до граѓанска војна. Ќе станевме прокси, ќе станевме инструмент за борба меѓу САД и ЕУ. Сирија. Дамаск. Алепо. И едните и другите ќе нѐ вооружеа и ќе нѐ подржуваа со опрема, храна, вода и слично. Ние ќе се тепавме и масовно ќе се иселуваме, пишува на Фејсбук новинарот Наум Стоилковски.
Анализирајќи ја моменталната состојба, тој потсетува зошто бее неопходно ВМРО-ДПМНЕ да победи со 63 пратеници наместо со 51.
„Некои надворешни центри очигледно беа подготвени и за тоа. Штом решија пред толпа народ пред парламентот брутално незаконски да го натераат Заев да го изгласа Талат, значи биле решени на сѐ.
Им е гајле ним за нас. Ќе си ги мереа силите тука преку нашиот грб со Русите.
Фактот што ВМРО-ДПМНЕ ова не го дозволи, според мене ја прави многу поголема. А можеше и беше навлечена да тргне по тој пат.
Ако тргнеше по моменталните емоции на најрадикализираното членство ќе ја уништеше иднината на сите.
Вака, направија се што можат, отидоа до максимум и до крај. Се понатаму ќе беше бездна.
Ако до овде не дојдоа ќе ги критикувавме дека недоволно сториле.
Ако од овде продолжеа ќе ја уништеа земјата.
Во вистински момент одбраа да се борат по друг пат, кој е многу подобар за државата. Од позиција на опозиција. Тоа е максимум во вакви услови.
И максимум со 51 пратеник.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)