После две години брак, се разведе познатата манекенка Александра Накова. Љубовта помеѓу неа и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, младиот кошаркар Никола Гајдаџиев, згасна.
Како што дознаваме, двојката веќе некое време не живее заедно, но и Александра и Никола успешно го сокриваа тоа од јавноста.
– Немаше љубов помеѓу нив двајца, а тоа можеше да се забележи уште поодамна. Само што им се роди нивната ќеркичка Леа, љубовта помеѓу двајцата спласна. Александра веќе неколку месеци не живее со Никола – ни изјави близок пријател на манекенката, кој сакаше да остане анонимен.
Извор: Телеграф
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.