| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорческа со најдобар ранкинг во кариерата, сега е 181. тенисерка во светот

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, го подобри својот пласман на ВТА ранг-листата и сега е на историското 181. место, за неа најдобро во кариерата.

Иако во неделата што измина тетовчанката не беше активна на тениските терени и не одигра ниту еден турнир, забележа скок од едно место на оваа ранг-листа.

Ѓорческа напредуваше и во конкуренција на двојки, каде сега е на 131. место, што е две места подобро од минатата недела.

На врвот во ВТА конкуренцијата и понатаму е Серена Вилијамс пред Анжелик Кербер и Каролина Плискова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top