| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните и денеска ќе маршираат: Друга држава немаме!

za-zaednicka-makedonija-640x360

Протестите на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА продолжуваат и денеска. Традиционално во 17 часот пред Владата на Р. Македонија граѓаните како и до сега ќе маршираат по, како што ја нарекуваат, патеката на државноста, се до Собранието.

За време на викендите, иницијативата не одржуваше граѓански маршеви, туку други активности. На 69 ден од почетокот на протестите, беше организирана панел дискусија на тема случувањата во Собранието на 27 април.

На панел дискусијата говореа Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“ и професорите Иванка Додовска и Александар Даштевски, според кои изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е нелегален затоа што се коси со Уставот, Законот и Деловникот.

Зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис, се дел од пораките кои се испраќаат од организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Граѓаните бараат од институциите да поведат постапка за сите, како што велат, кои се обидоа да извршат Државен удар и вон сите процедури кршејќи го Уставот да бираат Претседател на Собранието.

Поддржувачите на иницијативата на 70-от ден од „За заедничка Македонија“ на скопскиот плоштад симболично го направија бројот 70, со што симболично истакнаа дека граѓаните 70 дена протестираат и повторно испратија порака за поддршка на заедничка и унитарна Македонија и одржување нови избори.

Од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА секојдневно ги повикуваат сите граѓани да дојдат во што поголем број и да чекорат по патеката на државноста, бидејќи друга патека и држава немаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top