| четврток, 6 декември 2018 |

Хајнц-Јирген Акст: Европа не гледа сериозно кон Македонија

Во доближувањето на Македонија кон ЕУ има стагнација. Блокадата останува, но и впечатокот дека Унијата не гледа сериозно кон Македонија, која нема ниту еден поддржувач во ЕУ, оценува за „Дојче веле“, проф. д-р Хајнц-Јирген Акст.

–  Стагнацијата е вистинскиот збор што може да се искористи за да се дефинира доближувањето на Македонија кон ЕУ. Стагнација има на обете страни – и кај Унијата и кај македонското општество и политика. Во Унијата постои замореност и нема вистински напор да влијае да се надминат разликите околу спорот со името. Грција непроменето и натаму блокира. Останатите европски држави немаат никаков интерес блокадата да ја отстранат. Од стана на Македонија гледам еден вид контрареакција на очекуваните сигнали од Брисел и од главните градови на водечките земји на Унијата. Има свртување навнатре, враќање кон античкото наследство и зголемување на чувството дека Европа не гледа сериозно кон Македонија и не ги почитува дадените ветувања – изјави за „Дојче веле“ професор д-р Хајнц-Јирген Акст, добар познавач на Балканот и долгогодишен раководител на катедрата Жан Моне на Универзитетот Дуизбург – Есен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top