Дваесет и двегодишно момче е втората жртва на протестите во Турција, јави турската приватна телевизија НТВ.
Џиомерт Абдула бил застрелан во главата за време на вчерашните демонстрации во областа Хатај, во јужна Турција. Сѐ уште не е познато кој пукал. Момчето било пренесено во болница, каде што починало. Инцидентот се случил нешто пред полноќ, а протестите продолжиле и денеска.
Вчера илјадници демонстранти го окупираа плоштадот Таксим во Истанбул барајќи оставка од премиерот Ердоган. Турската полиција, во обид да ги растера демонстрантите, употребила и солзавец, на што било одговорено со камења.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини