Неколку стотини унгарски националисти се собраа пред Амбасадата на Србија во Будимпешта барајќи ревизија на границите. Протестот на екстремистичкото младинско движење „64 жупании“ се одржа по повод годишнината од Тријанонскиот договор.
На собирот се обрати пратеникот на ултрадесничарската партија Јобик, Тамаш Наџ Гауди, кој побара ревизија на договорот и порача дека никој не треба да верува дека Унгарците ќе се помират со оваа ситуација.
Барањето е територијалната автономија на Унгарците во соседните земји да биде само минимум затоа што секој народ во Европа располагал со право на самоопределување.
– Унгарија во 2005 година направи историски грев затоа што не стави вето на членството на Романија во ЕУ. Не смее истата грешка да се направи со пристапувањето на Србија во ЕУ. Приемот на Србија треба да се блокира сѐ додека не се исполнат оправданите барања на Унгарците во „јужните краеви“ – рекол Гауди мислејќи на Војводина.
Освен пред српската амбасада, поворката поминала и пред амбасадите на Романија и на Словачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Унгарија нема да отстапи пред уцените за фондовите на ЕУ
-
Високо одликување за Раде Силјан од Претседателот на Унгарија
-
Нов инцидент со новинарката која шутираше мигранти: Добила забрана за пристап во Парламентот