| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници на пречекот на Села: Ќе замижат ли СДСМ и Нухиу пред ова? (видео)

По напуштањето на болницата во Тетово, каде што помина 9 дена, лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, е пречекан со незаконско пукање од огнено оружје и славје, пишува порталот „Денешен“.

Прашањето кое се поставува во јавноста е дали министерот за внатрешни работи од ДУИ, Агим Нухиу, и СДСМ ќе преземат мерки за санкционирање.

Од друга страна, СДСМ преку Нухиу продолжува да ги малтретира и да се изживува со граѓаните. Деновиве сме сведоци дека голем број невини граѓани што ја сакаат и бранат Македонија, се апсат и неправедно и политички се притвораат со лисици како најголеми криминалци.

Сѐ повеќе се гледа намерата на СДСМ и на Нухиу да се оцрнат и да се понижат граѓаните кои несебично даваат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и кои во Собранието влегоа за да ја заштитат државата од насилниот обид за државен удар.

Приведени се луѓе кои не сториле никакво насилство, а држени се со часови во полициски станици. Дел од нив добија и притвор без никакви докази дека сториле кривично дело или, пак, учествувале во немилите настани во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top