| четврток, 6 декември 2018 |

САД со нови санкции за Иран

Белата куќа објави нов пакет американски санкции против Иран за да се засили притисокот врз исламската република за откажување од нејзината нуклеарна програма.

Мерките, кои беа објавени вчера, предвидуваат казни за странските финансиски институции кои се вклучени во купување, поседување или продавање на иранската валута риал.

Извршната наредба, потпишана од претседателот Барак Обама, исто така, се обидува да ја поткопа иранската автомобилска индустрија, со воведување санкции за оние што се инволвирани во продажба на производи или услуги за производство на автомобили во Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top