| четврток, 6 декември 2018 |

Андреа Пенезиќ прогласена за најдобар стрелец во ЛШ

Андреа Пенезиќ и официјално беше прогласена за најдобар стрелец во Лигата на шампионите во оваа сезона. Левиот бек на ЖРК Вардар постигна 98 погодоци и беше убедлива пред својот конкурент Изабел Гулден која стигна до бројката од 92 голови.

Пенезиќ во финалето постигна четири погодоци, кои беа недоволни за да им помогне на вардарки да дојдат до титулата.

За најкорисен, МВП играч беше прогласена Корнелија Грот токму од редовите на новиот Европски првак, Ѓер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top