Слабиот одѕив во вториот круг во Франција може да и донесе победа на претседателот на “Национален фронт” Марин Ле Пен. Ова мислење го изрази белгискиот политиколог од Универзитетот во Лиеж Пјер Вержан.
“Колку е пониска активноста, толку шансите за победа на Ле Пен се поголеми”, вели експертот, цитиран од RTBF.
Министерството за внатрешни работи на Франција соопштија дека излезноста до 12 часот по локално време е 28,23%. Во првиот круг пред две недели таа изнесуваше 28,54%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.