| четврток, 6 декември 2018 |

Чудно, но вистинито, и Швеѓаните имаат проблеми со навивачите

Чудно звучи, но вистина е, и Швеѓаните, кои важат за една од најорганизираните држави, имаат проблеми со навивачите на стадионите. Шведските медиуми со остри критики ги нападнаа организаторите на пријателскиот дуел меѓу Шведска и Македонија, што се играше вчера во Малме, поради влегување на терен на неколкумина симпатизери на викинзите на полувремето. Сите се стрчаа кон Златан Ибрахимовиќ барајќи му го дресот на подарок.

Svedska skandal

 

„Срамота е што вакви работи ни се повторуваат. Исто беше и кога Аргентина ни гостуваше на почетокот на оваа година, па и тогаш сите трчаа кон Меси за да му земат дрес. И навивачите на Гетеборг, и тоа поголема група од околу 1500 луѓе, влегоа на терен за време на дербито со Ѓургарден и фрлаа факели кон трибините. Ова е срамно колку лесно се влетува на терен. А, редарите си гледаа како да се замрзнати“, стои во коментарот на порталот „svd.se“.

Шведска победи со 1-0 против Македонија со голот на Александар Качаниклиќ, момче кое има наше потекло. Во ерата додека селектор беше Мирсад Јонуз, Качаниклиќ имаше понуда да игра за Македонија, но обидот не ни успеа, па тој сега е стандарден репрезентативец на викинзите. Во 39. минута со удар со глава, по асистенцијата на Ибрахимовиќ, играчот на Фулам ни ја затресе мрежата за победа на домаќините во Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top