Македонската ѕвездичка која се натпреварува во српското талент шоу “Ѕвездичките на Гранд”, за жал, не успеа да се пласира во понатамошните емисии од шоуто за некои нови клинци. Tаа ја отпеа култната етно балада “Кој да ми запее” од Каролина Гочева и српската “Nismo smeli” од Јована и Марија.
– Денес баш сум задоволна како звучеше и ти, и твојата ривалка во овој круг. Благице, првата песна не ни е доволно позната, но тоа не ни пречеше за да уживаме во твојата изведба. – беше коментарот на српската пејачка Ивана Селаков.
На неа се надоврза и Бане Мојичевиќ за кого изведбата на нашето девојче беше маестрална, а пак за Топалко овие интерпретации беа неемотивни и неспоредливи со претходни нејзини настапи како што била “Море сокол пие”.
Во продолжение погледнете го настапот на Благица:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)