Борусија Дортмунд ја доби битката против Хофенхајм на „Сигнал Идуна парк“ со 2-1 и е поблиску до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Марко Ројс во четвртата минута ги доведе „милионерите“ во водство од 1-0, а Обамејанг во 12.минута не реализира пенал. Сепак, истиот играч зголеми на 2-0 во 82.минута. Хофенхајм постигна почесен гол преку Крамариќ од пенал три минути подоцна, но бодовите останаа во Дортмунд.
Баерн Минхен со минимални 1-0 славеше над фенерџијата Дармштад, кој е веќе второлигаш. Бернат беше стрелец на погодокот во 18.минута. Во завршницата токму Бернат направи пенал за гостите, но голманот Штарке го одбрани ударот на Хамит Алтинтоп.
Резултати Германија: Баерн Минхен – Дармштат 1-0, Борусија Дортмунд – Хофенхајм 2-1, Борусија Менхенгладбах – Аугсбург 1-1, Ајнтрахт Франкфурт – Волфсбург 0-2, Инголштад – Баер Леверкузен 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)